Дома Македонски спорт Мак баскет Ниту одличниот скор на Трајковски не им помогна на МЗТ да се спасат од налетот на Соколи

Ниту одличниот скор на Трајковски не им помогна на МЗТ да се спасат од налетот на Соколи

Екипата на Карпош Соколи славеше над МЗТ Скопје со 85:83 во рамки на натпреварот од заостанатото прво коло во македонската лига.

Карпошани на гостински терен покажаа моќ и го надиграа актуелниот македонски шампион во текот на целиот меч. Во еден период гостите имаа предност од 17 поени, но МЗТ направи серија од 8 поени со кои се врати во мечот. Аеродромци имаа шанси да направат пресврт во финишот но не успеаа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соколов за Карпош Соколи беше најпрецизен и постигна 19 поени, а на спротивната страна се издвои Трајковски со неверојатни 34 поени, 8 скока и 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …