Ханси Флик седна на клупата на Баерн во ноември 2019 година и баварскиот гигант од тој момент гази се пред себе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 56 годишен стратег работи одлично во Баерн. Минатата сезона стигна до сите можни трофеи, а и оваа со исклучот на германскиот куп имаат шанси во останатите натпреварувања да се борат за пехарите.
Интересно е што Флик до сега ги добил сите натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Го водеше Баерн на седум натпревари во елиминационата фаза од ЛШ и запиша исто толку победи.
Во овие седум се последните два натпревари против Лацио, а преостанатите пет се од минатогодишното издание на Лигата на шампионите кога го одведе Баерн до трофејот на завршниот турнир во Лисабон.
Баерн сега го чека ждребот кој е закажан за во петок и ќе видиме дали Флик ќе ја продолжи оваа негова неверојатна низа.