Дома Останати Кошарка Никола Јокиќ уште еднаш го покажа своето неверојатно чувство (ВИДЕО)

Никола Јокиќ уште еднаш го покажа своето неверојатно чувство (ВИДЕО)

Кошаркарите на Србија запишаа уште една убедлива победа и така на најдобар начин ја отворија втората фаза од Светското првенство во Кина.

Овој пат „настрада“ Порторико. Србија славеше победа со 90:47 и така се најде на чекор од пласман во четвртфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најефикасни во победата на Србија беа Бјелица со 18 и Бобан Марјановиќ со 16, додека добар натпревар одигра и Никола Јокиќ.

Центарот на Денвер уфрли 14 поени и додаде 10 скокови и една асистенции, а таа една асистенција беше навистина мајсторска.

Лучиќ шутираше за три поени и беше изблокиран, но топката дојде до Јокиќ кој уште еднаш покажа неверојатно чувство, после што Бјелица поентираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Далас обезбеди полуфинале

Кошаркарите на Денвер обезбедија пласман во полуфиналето на Западната конференција во плеј…