Дома Фудбал Останато Нејмар останува во ПСЖ и сака нов договор

Нејмар останува во ПСЖ и сака нов договор

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар конечно се премисли за напуштање на Париз и сака да остане во клубот, пренесува „Ле Паризиен“.

Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ трае до јуни 2022 година, а Бразилецот се надева дека наскоро клуот ќе му понуди нов долгорочен договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французите се уште не започнале преговори со Нејмар за продолжување на договорот, бидејќи сметаат дека тоа не е приоритет во моментов.

Нејмар годишно заработува 31 милион евра, па „светците“ не сакаат да му понудат покачување на платата, но сакаат да го задржат уште долго во Париз.

Нејмар веќе разговарал со спортскиот директор Леонардо и му потврдил дека негова желба е да остане во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…