Дома Фудбал Франција Нејмар: Мораме да се прилагодиме, а кога ќе се случи тоа ќе станеме моќна екипа

Нејмар: Мораме да се прилагодиме, а кога ќе се случи тоа ќе станеме моќна екипа

Иако во минатата сезона ја имаа најскапата екипа во првенството ПСЖ не успеа да ја освои титулата, а не направија и нешто посериозно во Лигата на шампионите.

Сепак, неуспесите од мината сезона не ги обесхрабрија богатите сопственици, па тргнаа во создавање на уште посилен тим. За таа цел го доведоа и Лионел Меси. Целта секако е враќање на домашната титула, но и конечено освојување на Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бразилецот Нејмар верува дека тој и Меси можат да го повторат она што го направија во Барселона кога стигнаа до најпосакуваниот клупски европски трофеј.

„Се надевам дека со Меси ќе го повториме она што го направивме во Барселона. Во ПСЖ дојдов во 2017 година со намера да ја освојам Лигатан а шампионите. Мислам дека сега имаме подобра екипа со подобри играчи. Индивидуалниот квалитет не треба да се коментира. Мораме да се прилагодиме, а кога тоа ќе се случи ќе станеме моќна екипа“, изјави Нејмар.

Ќе потсетиме после три одиграни кола во Лигатан а шампионите ПСЖ има седум освоени бодови. Бод помалку има Сити, три помалку Клуб Бриж, а без бодови е Лајпциг против кого ПСЖ ќе игра во четвртото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…