Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, со сигурност многу се забавува во Париз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилскиот фудбалер од пристигнувањето од Барселона стана прва ѕвезда на ПСЖ, а неговите соиграчи веќе се будат дека Нејмар има многу повеќе привилегии од било кого во тимот. Очигледно е дека Бразилецот одлично се забавува во главниот град на Франција, а подготвен ќе ја дочека и Ноќта на вештерките.
Нејмар најави дека ќе направи луда забава, и веќе започна да го подготвува својот костум. Птвиот чекор беше промената на бојата на косата, која сега веќе е зелена. Нејмар фотографијата ја објави на својот инстаграм профил, но и натаму е мистерија, кого ќе имитира.
