Илија Несторовски вчера беше стрелец на единствениот гол во натпреварот помѓу Удинезе и Фиорентина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред крајот на натпреварот Несторовски со глава по едно нафрлување ја смести топката во мрежата на Фиорентина и донесе важни три бода за својот тим. После натпреварот тренерот на Удинезе, Лука Готи имаше пофални зборови за Нестор.
„Несторовски добива малку шанса, но тренира со голем ентузијазам. Тренира како да е млад играч, а не играч кој има над 30 години. Го заслужи овој гол, навистина е голем професионалец“, изјави Готи.
За Несторовски ова беше втор гол сезонава во Серија А.