Дома Останати Тенис Непријатна сцена на Вимблдон: Новинарите се обидоа да го испровоцираат Рубљов поради војната во Украина

Непријатна сцена на Вимблдон: Новинарите се обидоа да го испровоцираат Рубљов поради војната во Украина

По поразот со 3:1 од Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон, Андреј Рубљов мораше да се соочи со непријатна ситуација на прес-конференцијата.

Рускиот тенисер е познат како некој кој од самиот почеток на војната меѓу Русија и Украина, јавно зазеде став дека не ја поддржува војната, а откако имаше голема поддршка од навивачите, изрази благодарност, велејќи дека „тој се чувствува посебно, особено ако се земе предвид од која земја доаѓа“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И тоа поттикна еден локален новинар да му постави во најмала рака проблематично прашање:

„Дали се чувствувате виновни затоа што сте од Русија?

На тоа Рубљов одговори:

„Не, мислам… не знам што да кажам. Веќе имам дадено многу изјави на оваа тема, мислам дека е многу јасно што мислам, така што… Се работи за ситуација која е катастрофална, која никому не ја посакува. Сакам само да завршат сите овие ужасни работи и луѓето да имаат шанса за нормален живот“, изјави Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…