Тимот на Лестер вечерва во рамките од второто коло во Лига Европа не можеше да смета на Келечи Инхеначо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ихеначо беше планиран во составот на „Лисиците“, не е дека не можел да настапи, но отпадна поради неодговорност. Имено, фудбалерот направил пропуст и не забележал дека му истекол пасошот.
Затоа бил вратен од контролорите на аеродромот. Младиот Нигериец сезоната ја започна со два гола на седум натпревари во сите конкуренции.