Вообичаено тренинзите на најдобрите тенисери во светот не привлекуваат премногу внимание, но денес беше поинаку.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Карлос Алкараз одработи тренинг, а веднаш по него се појави и Ѓоковиќ. Српскиот тенисер тренираше веднаш по Шпанецот, за потоа да следува една несекојдневна ситуација.
Таткото на Алкараз, неколку минути го снимаше Ѓоковиќ, а потоа го коментираше неговиот настап со остатокот од тимот. Медиумите пишуваат дека ова не му се допаднало на Ѓоковиќ кој не сака да ги открива своите тајни.


Ѓоковиќ денес го продолжи мечот против Хуркач кој вчера беше прекинат поради традиционалниот полициски час на Вимблдон (ТУКА).