Еден од најдобрите ракометари и ѕвезда на Веспрем, Петар Ненадиќ, како вистински спортист со голем карактер, имаше само пофални зборови и честитки за противникот Вардар кој во шампионското финале го совлада неговиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради фактот што дефинитивно станува збор за голем спортист со карактер, но и поради фактот дека во Вардар има многу блиски пријатели, па е запознат со финансиските проблеми и турбуленции на клубот, Ненадиќ „им симна капата“ на црвено-црните и честита како ретко кој противник.
„Честитки за Вардар и за Македонија за победата, имам многу пријатели во тој клуб. Мислам дека натпреварот го загубивме во првото полувреме, не одигравме на нивото на коешто требаше. Во второто полувреме дојдовме до еден-два разлика, но не успеавме“, вели Ненадиќ.
„Вардар имаше навистина неверојатна сезона, низ сѐ што поминаа, и покрај сите проблеми што ги имаа, да го освоиш овој трофеј… секоја чест“, со многу емоции ракометарот на Веспрем го кажа ова.