Дома Фудбал Италија Немири во Јувентус пред натпреварот на сезоната, тројца побарале трансфер, се огласи и клубот!?

Немири во Јувентус пред натпреварот на сезоната, тројца побарале трансфер, се огласи и клубот!?

juventys

Веста ја пренесе „Газета Дело Спорт“, изворот е „Дагопис“, сајт кој често изнесува гласини, но и знаеа да откријат добро чувани тајни.

За што се работи?


Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Имено, тие тврдат дека на тренингот на Јувенутс, иако не се наведува времето, дошло до судир помеѓу домашните и странските играчи.

Сето тоа било пренесено во соблекувалната каде што наводно на една страна била групата Италијани кои се подолго време во клубот и иако не се наведуваат имиња, не е тешко да се претпостави дека се работи за некои од Буфон, Брзаљи, Маркизио и Киелини.

Од друга страна за новајлиите и странците нема податоци, но кога би претпоставувале тоа би можеле да бидат Даглас Коста и незадоволниот Алекс Сандро за кого се шпекулира дека веќе во јануари би можел да премине во Челзи.

Наводно, после судирот, тројца неименувани фудбалери на „старата дама“ побарале трансфер.

Клубот веднаш се огласи со соопштение дека се работи за имзислена приказна и лансирана пред дербито помеѓу Наполи и Јувентус. Но, во минатото Јувентус ги демантираше и проблемите помеѓу Алегри и Бонучи, но на крајот се покажа дека сето тоа било вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо се огласи по трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

Килијан Мбапе вчера и официјално стана играч на Реал Мадрид со кој потпиша договор на пет …