Дома Македонски спорт Нема цена по која Наполи би го продал Елмас!

Нема цена по која Наполи би го продал Елмас!

Вчера во италијанските медиуми се појави информација дека Елиф Елмас е следен од Реал Мадрид и Барселона, а сега за оние кои го сакаат Елиф доаѓа порака од весникот „Ил Матино“ кој е добро упатен со случувањата во Неапол.

Весникот со седиште во Неапол тврди дека Наполи нема намера да преговара за продажба на Елмас по било која цена – секоја понуда која ќе дојде за Елмас ќе биде одбиена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Елмас го продолжи договорот до 2025 година минатата година. Наполи сака да го задржи и ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат за него во јануари и идното лето“, пишува „Ил Матино“.

Ќе потсетиме во Наполи, Елмас пристигна за 16 милиони евра плу бонуси од Фенербахче во 2019 година, а по доаѓањето на Лучијано Спалети добива многу повеќе простор за игра за разлика од што беше случај со Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…