Дома Топ вести Нема мир во Шпанија, обвинение против нов „крал“ – Затајувал данок заедно со својата сопруга!

Нема мир во Шпанија, обвинение против нов „крал“ – Затајувал данок заедно со својата сопруга!

Скандалите со неплаќање данок овие денови ја тресат Шпанија, а посебно на удар се фудбалерите на Реал Мадрид.

Откако во текот на вчерашниот ден Бразилецот Марсело ја призна вината и плати казна од скоро 500.000 евра, денес медиуми оваа земја тврдат дека нов предмет на истрага е хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во оваа држава Модриќ се обвинува дека затајувал данок во периодот помеѓу 2013 и 2014 година и ја оштетил шпанската држава за 870.000 евра.

Сепак, висината на износот не е потврдена и тој би можел да биде и поголем. Откриено е дека ѕвездата на Реал Мадрид имал тајни сметки надвор од државата.

Освен против Модриќ, обвинение е започнато и против неговата сопруга и која има приватна фирма која е основана во Луксембург и на која Реал и исплатил 1.6 милиони евра помеѓу 2013 и 2014 година како надоместок за користење на маркетиншките права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Струга на три кола пред крајот се раздели со тренерот Дуро

Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на …