Дома Фудбал Англија Нема крај на проблемите: Одложени уште два натпревари во Премиер лигата!

Нема крај на проблемите: Одложени уште два натпревари во Премиер лигата!

Ковид-19 продолжува да прави сериозни проблеми во англиската Премиер лига и одложени се уште два натпревари.

Во 19. коло нема да се играат натпреварите помеѓу Ливерпул и Лидс и Вулверхемптон – Вотфорд. Натпреварите требаше да се играат во недела од 13:30 часот меѓутоа се одложија по барање на Лидс и Вотфорд.

И во двата клуба имаше голем број заразени фудбалери, па екипите беа принудени да ги затворат своите тренинг центри.

Со коронавирус проблеми има и Ливерпул и поради позитивни тестови на претходните три натпревари не играа Ван Дајк, Фабињо и Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…