Дома Фудбал Англија Нема крај на проблемите за Артета: Не се знае кога ќе се врати Обамејанг

Нема крај на проблемите за Артета: Не се знае кога ќе се врати Обамејанг

На сите проблеми на Артета со формата пред дуелот со Манчестер Сити во Лига Купот дојде уште еден голем проблем – дуелот ќе го пропушти првиот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг.

Обамејанг не играше ниту против Евертон, а нема да игра и против „граѓаните“.

„Оба не е спремен за утре. Се чувствува подобро, но нема да игра. Ќе направиме нови прегледи овие денови и ќе видиме кога ќе се врати. И самиот знае колку е значаен за нас, ќе направи се за што побрзо да биде сона“, изјави Артета.

Арсенал игра очајно во Премиерлигата и се наоѓа на 15. позиција на табелата, додека во Лига Купот за да стигнат до четвртфиналето ги елиминираа Лестер и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Малаго би можел да стане специјален комесар на ФИГЦ

Фудбалската федерација на Италија се соочува со хаотична ситуација околу изборот на претсе…