Дома Фудбал Англија Нема „зима“ за Билиќ и неговата кариера: Отворени се првите понуди…

Нема „зима“ за Билиќ и неговата кариера: Отворени се првите понуди…

Славен Билиќ денес заработи отказ во Вест Хем и не чекаше долго за да добие понуди за продолжување на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За услугите на хрватскиот стратег, сериозно е заинтересиран турскиот великан Фенербахче, кој оваа сезона не игра на нивото на кое се очекува. Со оглед на тоа дека Хрватот своевремено беше предводник на Бешикташ, ќе биде интересно да се следи расплетот на оваа ситуација.

Покрај Фенер пак, на Билиќ се надеваат и навивачит на Глазгов Ренџерс, иако се уште не е познато дали некој од овој клуб го контактирал. Фановите на шкотскиот великан, на социјалните мрежи веќе го повикуваат Булиќ на „Иброкс“, со голема надеж дека Хрватот на крајот сепак ќе остане на Островот и тоа во нивниот клуб.

За потсетување, Славен Билиќ доби отказ по поразот од Ливерпул во рамки на 11. коло во Премиер лигата со резултат 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…