Дома Останати Ракомет Нексе поразен, Вардар до победа и нов рекорд во СЕХА лигата

Нексе поразен, Вардар до победа и нов рекорд во СЕХА лигата

Македонскиот и европскиот шампион денес нешто потешко од очекувањата успеа да го совлада Нексе (29:25).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардар со денешната победа постави и нов рекорд.

Имено, избраниците на Раул Гонзалес стигнаа до учинок од 17 победи и едно реми што е рекорд во СЕХА лигата, претходно на врвот беше Веспрем кој сезоната 2015/2016 ја заврши без пораз.

Нексе во игра за позитивен резултат беше се до последните минути кога Вардар успеа да искористи неколку грешки на противникот.

Човекот кој ги промени работите беше Лука Циндриќ, тој беше најаефикасниот поединец во редовите на „црвено-црните“. Циндриќ во вториот дел успеа да постигне седум погодоци, а на голот одличен беше и Страхиња Милиќ кој запиша 14 интервенции.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги дозна можните ривали во групната фаза на ЛШ

Ракометниот клуб Вардар ќе ја очекува ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони од …