Дома Фудбал Останато Некогаш ова беше научна фантастика: Фенербахче се бори за опстанок!

Некогаш ова беше научна фантастика: Фенербахче се бори за опстанок!

Турскиот гигант Фенебахче поминува низ тешки моменти.

Фенербахче во 14 колo од турската Супер лига запиша само три победи, има пет нерешени средби и дури шест порази.

Вечерва клубот за која настапува нашиот Елиф Елмас освои само бод против Кашимпаша (2:2), а тој бод е доболен за Фенер да биде само еден бод над опасната зона!

Диагне промаши пенал за гостите во осмата минута, но во 22 минута се „извади“ и постигна гол за 0:1. Неустдатер изедначи во 44-та минута, за со автоголот на Чек Фенер да направи пресврт.

Иако навивачите на домашниот тим се надеваа дека нивниот тим конечно ќе победи, следуваше нов шок. Диагне во 54-тата минута погоди за конечни 2:2.

Фенер сега се наоѓа на 15-тата позиција со 14 бодови, а зад него се само Акишар (13), Кајсериспор (12) и Ризеспорт (10).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…