Хесе Родригез после повеќе од една година вчера се појави во дресот на ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Благодарение на отсуството на бројни ѕвезди во натпреварот против Ленс тренерот на ПСЖ го смести 27 годишниот Шпанец во составот, но тој не се прослави.
Во 15 минути колку што доби на теренот Хесе покажа зошто ПСЖ сака да се ослободи од него. Хесе повеќе не е фудбалерот кој беше голема надеж на Реал Мадрид.
За времето кое го помина на теренот тој ја допре топката само 11 пати и дури шест пати ја изгуби, а комплетираше само три паса од седум обиди. Покрај тоа имаше уште еден дриблинг кој не му беше успешен, изгуби два дуели и така не покажа ништо за тие 15 минути.