Дома Фудбал Англија Невил за борбата за топ 4: Јунајтед е готов, нема шанси!

Невил за борбата за топ 4: Јунајтед е готов, нема шанси!

Гери Невил констатно во својот подкаст ги анализира случувањата во англискиот фудбал. Сега Невил направи анализа во трката за топ 4, односно борбата за место во Лигата на шампионите. Според Невил најдобри шанси во овој момент има Тотенхем.

Тотенхем има три бода предност во однос на Арсенал кој има и натпревар помалку, додека Јунајтед е зад тимот на Конте со шест бода заостанување.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не верував дека во Арсенал се спремни. Сега забележаа три порази во последните четири натпревари, не можат да направат серија со која би потврдиле дека се фаворити за место во топ 4. Од друга страна Тотенхем е во одлична позиција и го има потребното искуство во изминатите години. Мислам дека Тотенхем си одлучува сам“.

„Манчестер Јунајтед готов, мислам дека нивната приказна заврши пред неколку недели, посебно затоа што допрва треба да играат со Арсенал, Челзи и Ливерпул. Тешко е да се претпостави дали Арсенал може да се рехабилитира и да се врати, но Јунајтед нема шанси“, смета Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…