Дома Останати Тенис Неверојатна случајност: Бројот 2.195 за Ѓоковиќ е како проклет

Неверојатна случајност: Бројот 2.195 за Ѓоковиќ е како проклет

Новак Ѓоковиќ денеска беше поразен на Австралија Опен од Јаник Синер со што го заврши настапот во Мелбурн во полуфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По овој пораз статистичарите забележаа неверојатна коинциденција со поразот на Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз.

Имено, Ѓоковиќ на последното издание на Вимблдон беше поразен од шпанскиот тенисер и тоа беше прв пораз за Ѓоковиќ на овој турнир по 2.195 дена.

Неверојатно звучи податокот дека денешниот пораз на Австралија Опен од Синер за Ѓоковиќ дојде исто така по 2.195 без пораз на турнирот во Мелбурн.

Новинарите на прес-конференцијата дури и му го поставија ова прашање на Синер.

„Не би знаел што да одговорам. Ако беше така лесно, сите ќе гледавме само бројки. Го гледав тој меч, Карлос беше одличен“, одговори италијанскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…