Раководството на Барселона минатиот јануари бараше напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Луис Суарез во одредени натпревари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На каталонскиот гигант им биле понудени голем број на напаѓачи, особено млади и перспективни, но тие на крајот се одлучија да го доведат Кевин Принц – Боатенг.
Сега шпанските медиуми откриваат дека на Барселона и бил понуден и Ерлинг Халанд, тогаш 18-годишен анонимен напаѓач.
Боатенг на Камп Ноу не покажа апсолутно ништо, а Халанд стана вистинска сензација во Салцбург и оваа сезона постигна 28 гола на 22 меча, па направи трансфер во Борусија Дортмунд.
Така Барселона пропуштија голема шанса во тимот да го донесе норвешкиот „вундеркинд“, но се поставува прашањето дали Халанд ќе „експлодираше“ во дресот на Каталонците како што тоа го направи во Салцбург.