Дома Фудбал Неверојатен гол на Алварез, Аргентина убедливо го совлада Чиле

Неверојатен гол на Алварез, Аргентина убедливо го совлада Чиле

Фудбалерите на Аргентина забележаа нова победа во квалификациите за Светското првенство совладувајќи го Чиле со резултат 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На „Гаучосите“ не им пречеше ниту отсуството на Лионел Меси, тие беа подобриот противник и во првите 45 минути создаваа шанси, но мораа да чекаат второто полувреме за да постигне гол.

Серијата ја започна Алексис Мекалистер во 48. минута на асистенција на Хулијан Алварез, а новиот напаѓач на Атлетико Мадрид ја прекина лошата серија на стартот од новата сезона и во 84. минута го удвои водството на Аргентина.

Конечниот резултат го постави Пауло Дибала во првата минута од судиското надополнување, на асистенција на Гарначо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светот беше згрозен од начинот на кој беше пречекана химната на Иран во Калифорнија (Видео)

Пред почетокот на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло на Светското првенство…