Дома Фудбал Неапол слави: Мертенс стави потпис на нов договор!

Неапол слави: Мертенс стави потпис на нов договор!

Конечно заврши сагата за Дрис Мертенс. Миленикот на навивачите реши да остане во Наполи и да потпише нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако изгледаше дека Мертенс е многу блиску до Интер откако медиумите во Италија пишуваа дека овој клуб му понудил договор на две години вреден 14 милиони евра, сепак реши да остане во Наполи.

Неговиот договор истекуваше ова лето, но Мертенс на крајот реши да му остане верен на Наполи и ја прифати понудата за нов договор. Белгиецот стави потпис на двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година.

Според новиот договор Мертенс ќе заработувал 4 милиони евра по сезона, плус бонуси кои се однесуваат на неговата игра и клупски резултати.

Сезонава Белгиецот одигра 29 натпревари за Наполи и постигна 12 голови, додаде и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Американците ги третираа Канаваро и фудбалерите на Узбекистан како криминалци (Видео)

Строгите проверки со кучиња и детектори за метал предизвикаа револт пред пријателскиот нат…