Дома Фудбал Репрезентации „Не дај Боже да ни се падне Албанија“ – српската легенда за очекувањата од ждребот за Европското првенство

„Не дај Боже да ни се падне Албанија“ – српската легенда за очекувањата од ждребот за Европското првенство

Квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија се завршени, познати се 21 учесник, а останатите три ќе го дознаеме во март следната година по плеј-офот во Лигата на нации. УЕФА ги објави шеширите пред жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург од 18.00 часот.

Фудбалската репрезентација на Србија го освои второто место во квалификациската група „Г“ зад првопласираната Унгарија. Србите се во последниот четврти шешир заедно со Италија и Швајцарија, како и победниците од плеј-офот во Лигата на нации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, Франција
Втор шешир: Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, Австрија
Трет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка
Четврти шешир: Србија, Италија, Швајцарија и три победници од плеј-офот во Лигата на нации

За своите желби пред жрепката зборуваше претседателот на Фудбалската федерација на Србија, Драган Џајиќ:

– Сите имаме право на желби, но желбите се едно, а реалноста друго. Кој и да го извлечеме е тежок противник. Не можам сега јас да кажам само не Германија, Шпанија, Франција…Тешки се, но и Романија, не дај Боже Албанија. Сите тие можат да ни направат одреден проблем. Треба да ги цениме нашите успеси и нашите играчи, но да не преценуваме. Мора да бидеме реални за да го направиме тој чекор напред – се зборовите на Џајиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чудото од дете на Милан за три сезони постигна 791 гол

Инстаграм профилот на Pro Future Stars го претстави чудото од дете кое се развива во фудба…