Дома Останати Ракомет Не го пропуштајте ракометниот расплет: Данска и Шведска можат да си го наместат натпреварот!

Не го пропуштајте ракометниот расплет: Данска и Шведска можат да си го наместат натпреварот!

Во групата 2 од Светското првенство ќе биде посебно интересно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во таа група се наоѓаат Данска, Шведска, Норвешка, Унгарија, Египет и Тунис, а прашањето за место во полуфиналето за разлика од групата 1, се уште не е решено.

Данска во овој момент е лидер со осум бодови, додека зад неа се Шведска и Норвешка со по шест. Данска ја победи Норвешка, а Норвешка Шведска. Доколку вечерва Норвешка ја победи Унгарија, а Шведска Данска тогаш три репрезентации би имале осум бодови и би одлучувала гол-разликата.

Треба да се каже дека Норвешка пред натпреварот Данска – Шведска игра против Унгарија, а дури би можеле да испаднат во случај на победа. Би испаднале ако Данска изгуби од Шведска со два гола разлика ( и да постигне најмалку 30 голови) или во случај Данска да изгуби со три, четири или пет голови разлика ( и да постигне барем 27 голови). Тогаш и Шведска и Данска би оделе понатаму, а Норвешка би испаднала.

Многумина сметаат дека Данците и Швеѓаните би можеле да договорат ваков расплет, а тоа најмногу стравуваат Норвежаните. По тој повод за данските медиуми зборуваат Хенрик Молигард.

„Нема проблем, ќе ги испратиме Норвежаните дома. Нив и онака никој не ги сака. Норвешка нека оди дома“, изјави Молигард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардарецот Хориха ќе игра во Саудиска Арабија!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, кој веќе е познат како идно засилување на ПИК Сегед о…