Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари во кои доминираа домаќините, единствената гостинска победа ја запиша тимот на Индијана против Минесота.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Минесота во натпреварот против Индијана беше убедливо поразена (107:130). Најефикасен во редовите на домаќините беше Таунс со 28 поени, додека Крофорд и Бјелица уфрлија по 18. Кај Индијана, Оладипо постигна 28 поени, Бојан Богдановиќ додаде 19, Сабонис запоша 15 поени и 11 скокови, додека Колисон постигна дабл-дабл учинок од 15 поени и 16 асистенции.
Одлична вечер имаше и Леброн Џејмс кој го преводеше Кливленд до третата победа во сезоната, Џејмс постигна 34 поени и запиша 13 асистенции, Кевил Лав додаде 20 поени и 12 скокови, а ефикасен беше и Грин со 16 поени. Во редовите на Чикаго Холидеј постигна 25, а Лаури Мрканен 19 поени. Кливленд го совлада Чикаго со 119:112.
Тимот на Лос Анџелес Клиперси продолжува да победува и покрај тоа што не може да смета на повредениот Милош Теодосиќ, а нивни најдобар поединец на овој натпревар беше Блејк Грифин со 22 поени, 9 скокови и 6 асистенции. Беверли додаде 19, Риверс 16, Галинари 14, додека Де Андре Џордан имаше учинок од 11 поени и 18 скокови. Кај Јута се издвојуваше Мичел со 19 поени. Клиперси во овој натпревар славеа со 102:84.
НБА резултати:
Кливленд – Чикаго 119:112
Орландо – Бруклин 125:121
Бостон – Њу Јорк 110:89
Минесота – Индијана 107:130
Портланд – Њу Орлеанс 103:93
Ла Клиперси – Јута 102:84.