Дома Фудбал Англија „Најлошиот татко“: Јас најлошата работа во фудбалот? Заборавивте што направи Кантона!? (Видео)

„Најлошиот татко“: Јас најлошата работа во фудбалот? Заборавивте што направи Кантона!? (Видео)

Навивачот на Евертон кој со тригодишниот син во раце се обиде да удри некој од фудбалерите на Лион во натпреварот од Лигата на Европа (1:2), зборуваше за инцидентот на „Гудисон“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Се срамам“, беа првите зборови кои ги кажа навивачот кој доби доживотна забрана за пристапување на стадионите во Англија.

Тој сега е загрижен поради тоа што неговата поранешна сопруга може да му забрани да си ги гледа децата, а го загрижува и тоа што го бараат социјалните служби.

Навивачот се обиде да го оправда својот испад, но тешко дека некој може да оправда вакво нешто.

„Фудбалерите би требало да бидат пример, да се однесуваат како професионалци… Тие го доведоа во опасност мојот син“, изјави навивачот.

Потоа тој вина пронаоѓа и во лошата организација.

„Пред да стигнам до фудбалерите поминав низ отворена врата. Во Евертон би требало да водат грижа за безбедноста. Таа врата сигурно дека мораше да биде затворена“, зборуваше „најлошиот татко“, како што го нарекоа медиумите во Англија.

Сепак, на крајот истакна дека е свесен што направил.

„Се доведов себе си и моето дете во опасност. Но, ме погоди тоа што зборуваат дека јас сум најлошата работа која се појавила во фудбалот. Кантона излезе од теренот, удри навивач во градите со кунг фу удар и сега јас сум најлошата работа во фудбалот?“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар го реши Силекс, но за шампионско славје ќе почека!

Фудбалерите на Вардар стигнаа до важна победа од 2-1 против Силекс и се наоѓаат на само че…