Сопственикот на онлајн платформата за продажба „Алибаба“, Џек Ма размислува да купи 31% од акциите на италијанскиот гигант Интер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Оваа информација денес ја публикуваја највлијателните медиуми на Апенините. Тие тврдат дека кинескиот милијардер е во добри односи со компанијата „Сунинг“ која е сопственик на 70% од акциите на миланскиот клуб.
Другите 30% се во сопственост на Ерик Тохир кој е спремен да ги продаде за 150 милиони евра.
Џек Ма всушност е сопственик на 20% од компанијата „Сунинг“ и е во блиски односи со семејството Жиндон.
Се уште нема потврда на ваквата информација. Порано Џек Ма беше поврзуван со купување на Милан, но демантираше дека има интерес да инвестира во спортот.
Da guida turistica a uomo più ricco di tutta la Cina: Inter, ecco chi è Jack Ma – https://t.co/yF4XwOyo4l pic.twitter.com/0pThMxCjd6
— Fcinter1908 (@fcin1908it) January 15, 2019