Дома Фудбал Натпреварот меѓу Косово и Романија на кратко беше прекинат поради транспарент „Косово е Србија“.

Натпреварот меѓу Косово и Романија на кратко беше прекинат поради транспарент „Косово е Србија“.

Натпреварот помеѓу Романија и Косово во квалификациите за ЕП 2024 беше прекинат во 22. минута при резултат 0-0, а потоа продолжи околу 45 минути подоцна.

Романските навивачи кренаа транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“ и тоа беше причината за прекин во Букурешт.

Исто така, локалните навивачи извикуваа политички пораки, извикуваа „Србија, Србија“, фрлаа факели и користеа други пиротехнички средства.

Капитенот на романската репрезентација Николае Станчиу ги замолил навивачите да го тргнат транспарентот, но тие не го послушале, интервенирала полицијата и им го одзела.

На крајот натпреварот го доби Романија со резултат 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јалкује го реши Хетафе, Брајтон скокна на петтото место во Конференциската лига

Голот на Малик Јалкује во 64. минута му донесе на Брајтон победа од 1-0 на гостувањето кај…