Дома Фудбал Останато Натпревар од првата лига во Хрватска го следеа само 27 гледачи!

Натпревар од првата лига во Хрватска го следеа само 27 гледачи!

Неславен рекорд е срушен во Хрватска, натпреварот од првата лига го следеа само 27 гледачи!

Звучи нереално, но вистинито е. Натпреварот помеѓу Локомотив и Интер Запрешиќ во кој гостите славеа со 3:2 поставен е негативен рекорд, натпреварот го следеа само 27 гледачи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со ова е срушен рекордот на Динамо од пред седум години кога нивниот натпревар беше следен од само 67 гледачи, оние кои не беа дел од бојкотот кон Здравко Мамиќ.

За оваа средба можеби е и оправдано поради големиот дожд во текот на натпреварот. Треба да се истакне дека се до половина час пред почетокот на натпреварот не беше познато дали натпреварот ќе биде одигран.

Како и да е 27 гледачи е навистина премалку, па дури и кога ќе споредуваме со нашата посетеност на натпреварите која исто така не е баш најдобра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…