Дома Фудбал Навивачите на Барса се нафрлија на Гризман: Ти си виновен што Меси заминува!

Навивачите на Барса се нафрлија на Гризман: Ти си виновен што Меси заминува!

Заминувањето на Лионел Меси направи вистински хаос во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите никако не можат да прифатат дека Меси си заминува, меѓутоа тоа е веќе потврдено од Барселона, а денес Лапорта ќе ја објаснува ситуацијата и зошто тоа се случи.

Екипата денес продолжи со тренинзите, додека навивачите го изразуваат незадоволството пред „Камп Ноу“.

„Ти си виновен што Меси си оди, ти требаше да заминеш!“, викаа навивачите на Барселона.

Очигледно навивачите сметаат дека ако Гризман заминеше ќе се ослободеше буџетот доволно за Меси да остане, но Французинот одби да го направи тоа и остана во клубот.

Сега и не е толку важно кој и зошто е виновен, Барселона мора да продолжи без веројатно својот најдобар играч во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е сумата што ја понуди Милан на Керим Алајбеговиќ!

Милан го посакува младиата босанска ѕвезда Керим Алајбеговиќ во својот состав и веќе претс…