Дома Фудбал Останато Навивачи влетаа на терен и ги нападнаа судиите – хаос каков што ретко се гледа на грчкото дерби 🎥

Навивачи влетаа на терен и ги нападнаа судиите – хаос каков што ретко се гледа на грчкото дерби 🎥

Непријатни сцени беа видени во неделата по дербито за плеј-офот во шампион на Грција помеѓу Олимпијакос и АЕК кој заврши со победа на гостите од 1:3.

Незадоволни од одлуките на италијанската судиска тројка домашните навивачи влетаа на теренот и почнаа да фрлаат петарди, димни бомби, столици…

Навивачите на Олимпијакос беа запрени од полицијата, а фудбалерите и официјалните лица брзо го напуштија теренот криејќи се во соблекувалните.

Непосредно пред да настане хаосот на теренот од ложата се симна и претседателот на клубот од Пиреја, Евангелос Маринакис кој вербално го нападна главниот судија, Давиде Маса, си дозволи дури и да шутне топка на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …