Дома Останати Тенис Навивач имаше необична желба, Ѓоковиќ му ја исполни 🎥

Навивач имаше необична желба, Ѓоковиќ му ја исполни 🎥

По три часа игра, Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне со 7:6 (4), 6:7 (1), 6:3 на стартот на завршниот мастерс во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот беше полн со тензија и нервоза, а Ѓоковиќ до победата стигна кршејќи два рекета. Сепак, по мечот и победата очекувано српскиот ас беше добро расположен па се дружеше со публиката.

Во таа дружба еден од навивачите имаше необично барање од Ѓоковиќ, да му се потпише на градите.

„Можеш ли да ми потпишеш на градите?“, го прашал српскиот тенисер, кој му одговорил:

„Дали си сигурен?“

Ѓоковиќ на крајот и му ја исполни желбата на навивачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…