Mанчестер Јунајтед вчера го победи Тотенхем во дербито во Премиер лигата (2:1).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јунајтед се мачи и оваа сезона, а после вчерашната победа „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 7. позиција на табелата што секако е далеку послабо од очекувањата пред почетокот на сезоната.
Меѓутоа ако нешто добро треба да се издвои кај Јунајтед тоа се резултатите против тимовите од „големата шестка“.
Избраниците на Солскјер имаат учинок од три победи и две нерешни во натпреварите со Челзи (два пати), Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.
Против Челзи Јунајтед има две победи од 4:0 и 2:1, вчера го победија Тотенхем, а против Арсенал и Ливерпул одиграа 1:1.
Дефинитивно ако фудбалерите на Јунајтед констатно играа како во дерби натпревите сега нема да се наоѓаа на споменатата седма позиција.