Дома Фудбал Останато На Островот се пишува за побуна во Челзи: Имате 60 милиони за Вернер, а нас ни ги намалувате платите?!

На Островот се пишува за побуна во Челзи: Имате 60 милиони за Вернер, а нас ни ги намалувате платите?!

Претходните денови на големо се пишува дека Тимо Вернер е нов играч на Челзи.

Вернер играше одлично во дресот на Лајпциг со што го сврте вниманието на многу европски клубови. Германецот најмногу се поврзуваше со Ливерпул, сепак ако нема некој голем пресврт тој од наредната сезона ќе го носи дресот на Челзи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите Вернер ќе потпише договор на пет години со „сините“ и ќе заработува околу 10 милиони евра. Челзи ќе ја активира клазулата во неговиот договор која изнесува 60 милиони евра.

Сигурно дека Вернер ќе биде големо засилување, но неговото доаѓање наводно било причина за побуна во клубот.

„Сан“ пишува дека атмосферата во соблекувалната на Челзи не била најдобра кога играчите дознале колку Челзи ќе плати за Вернер. Дел од играчите како што се пишува биле бесни затоа што само неколку недели претходно клубот им ги намалил плататите и кажано им било дека има финансиска криза.

Извор близок на клубот открил дека имало распавија во соблекувалната ,а на удар се нашол Цезар Аспиликуета кој претходно ги убедил играчите да ги намалат платите до септември. Не се исклучува можноста тој договор да се промени и тоа само поради трансферот на Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…