Дома Фудбал Останато На најзпознатиот хулиган ќе му биде забранет влез на „Бернабеу“

На најзпознатиот хулиган ќе му биде забранет влез на „Бернабеу“

Голем број навивачи на Бока и Ривер патуваат во Шпанија во Мадрид каде што на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде одигран одлучувачкиот натпревар од финалето во Копа Либертадорес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На пат се спрема и Рафаел ди Зео најпознатиот хулиган во светот и водач на навивачите на Бока кој доби дозвола од аргентинските власти да ја напушти земјата.

Меѓутоа многу е веројатно тој да не може да присуствува на епскиот реванш.

Магазинот „Оле“ разговараше со Гиљермо Модеро, националниот директр за обезбедување на фудбалските стадиони и спектакли, кој тврди дека Ди Зео нема да може да влезе на „Бернабеу“.

Ди Зео мораше да бара од министерството за правда го пуштат да ја напушти Аргентина, а се случи во вчерашниот ден кога ги приложи сите податоци за то колку останува, кога се враќа и каде ќе престојува.

Дали ќе успее да влезе на стадионот останува да видиме, но нема сомневање дека шпанската полиција ќе се обиде да го „држи на око“.

di zeo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах пред сензационален трансфер откако му пропадна преселбата во Бешикташ

Вистински трансфер трилер се одвива во Турција. Според информациите на познатиот спортски …