Жозе Мурињо во текот на целиот преоден рок инсистираше да доведе врвен дефанзивец, но на крајот не успеа во својата намера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе во првите натпревари од сезоната се покажа дека „болната точка“ на Манчестер Јунјатед е токму одбраната, па „Специјалниот“ не се откажува од намерата да ја засили дефанзивната линија.
Прва мета беше Алдервајлед, но Белгиецот остана во Тотенхем, а следното лето ќе може да замине за 30 милиони евра.
Потоа на мета на „црвените ѓаволи“ беше и Хари Мекгваер, но Англичанецот неодамна го продолжи договорот со Лестер и таа опција отпадна.
Сега ангиските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо е спремен да понуди неверојатни 120 милиони евра за својот „миленик“, Рафаел Варан.
Иако е тешко да се замисли ваков трансфер, Варан би станал најскап дефанзивец во историјата и еден од најскапите фудбалери на сите времиња.
Сепак, Реал Мадрид тешко дека ќе се откаже од својот дефанзивец и е спремен да ја одбие ваквата понуда, но Мурињо е во добри односи со Французинот е и спремен да му понуди поголема плата.
Англиските медиуми тврдат дека клубот му дал зелено светло на Мурињо, кој нема да жали пари да го донесе Варан во своите редови.