Жозе Мурињо имаше успешно деби на клупата на Тотенхем во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот против Олимпијакос лошо започна за Тотенхем бидејќи гостите водеа со 0:2 после 20 минути игра. До крајот на полувремето „петлите“ постигнаа еден гол, а во второто уште три за конечни 4:2.
После натпреварот новинарите ги интересираше што им кажал Мурињо на фудбалерите во соблекувалната, меѓутоа Жозе одговори во свој стил.
„Мислам дека ако почекате неколку месеци и го купите филмот на Амазон ќе дознаете…Но морав да бидам нешто нешто по мека верзија од себе“, одговори Мурињо.
Инаку, веќе некое време камери ги следат случувањата во Тотенхем и во продукција на Амазон се снима документарец за лондонскиот клуб.
Jose gonna Jose ? pic.twitter.com/yLNXE8X7EG
— B/R Football (@brfootball) November 27, 2019