Дома Фудбал Останато Мурињо разочаран: Не знам што е проблемот со Ренато Санчез, немам објаснување

Мурињо разочаран: Не знам што е проблемот со Ренато Санчез, немам објаснување

Eкипата на Рома победи против Шериф во Лигата на Европа, но во овој натпревар повреда заработи летното засилување на „волчицата“, Ренато Санчез.

Португалскиот фудбалер постигна гол во неделата против Емполи и вчера беше стартер против Шериф, но со новата повреда мораше да биде заменет уште во 28. минута.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Проблеми со повредите Санчез имаше и претходно во ПСЖ и Баерн. Жозе Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот го изрази незадоволството од ваквата ситуација со неговиот сонародник.

„Добро знаеме каков играч е Санчез, но потребно му е време да влезе во ритам. Повредите го спречуваат да биде стандарден. Навистина немам објаснување, во Баерн не успеаа да најдат решение, исто и во ПСЖ, сега ние се обидуваме да разбереме што е проблемот“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Во ФФМ делува како да има нетрпеливост кога станува збор за Пандев“

Македонскиот фудбалер, Бобан Николов беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров каде што з…