Дома Фудбал Англија Мурињо пред враќањето на „Олд Трафорд“: Јас не губам – или победувам или учам!

Мурињо пред враќањето на „Олд Трафорд“: Јас не губам – или победувам или учам!

Жозе Мурињо утре (20:30 часот) за прв пат како тренер ќе се врати на „Олд Трафорд“ по отказот кој го доби во декември минатата година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговиот Тотенхем ќе се обиде да ја продлабочи кризата во Јунајтед.

„Манчестер Јунајтед за мене е завршена приказна. Ми беше убаво таму, а уживав и во времето после отказот. Не занимавам со Јунајтед, ги анализирам како и секој друг противник. Како да ги победиме? Како тие можат да не победат? Тоа е единствено што е важно. Одлично се чуствувам, во улога на стручен коментатор тука бев прекрасно пречекан“, изјави Мурињо, а за крај го цитираше големиот Нелсон Мендела:

„Јас никогаш не губам. Или победувам или учам. Во Јунајтед победував и учев, извлеков големо искуство“, заврши Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …