Дома Фудбал Англија Мурињо повторно предмет на истрага – ФА бара објаснување!

Мурињо повторно предмет на истрага – ФА бара објаснување!

Фудбалската асоцијација на Англија го повика Жозе Мурињо да поднесе официјално објаснување за своите зборови кои ги кажа пред дербито со Манчестер Сити минатиот викенд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Специјалниот“ е предмет на истрага поради неговата изјава дека фудбалерите на противникот паѓаат на тревникот ако дувне малку посилен ветер. Со тоа тој алудираше дека симулираат.

Мурињо има рок до понеделник до 20:00 часот да ја исполни наредбата на ФА и да достави образложение.

„Манчестер Сити располага со добар тим, кој одлично реагира во моментот кога ќе ја загуби топката. Динамични се во нападот и движењата му се многу креативни. Ако ме прашате што не ми се допаѓа, тоа е што многу лесно губат баланс.Да дувме посилен ветер и тие паѓаат“, беа точните зборови на Мурињо пред дербито.

Инаку вечерва истекува рокот во кој Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити требаше да дадат објаснување за инцидентот кој се случи во тунелот по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…