Дома Фудбал Англија Мурињо: Нашиот напредок е евидентен!

Мурињо: Нашиот напредок е евидентен!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е задоволен од перформансите на својот тим во последните натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ запишаа две победи во низа во Премиер лигата, а во ЛШ стартуваа со победа на гостувањето кај Јанг Бојс.

Мурињо посебно се радува како тимот делува во дефанзива предводен од штоперскиот тандем Смолинг – Линделоф.

„Ги решивме дефанзивните проблеми, но тоа не зависи само од Смолинг и Линделоф. Едноставно цел тим игра подобро. Сега сме поконкурентни, повеќе соработуваме и комуницираме. Присутен е тимскиот дух. Добрите резултати ни ја поткренаа самодовербата. Напредокот е евидентен“, задоволен е Мурињо.

Клубот од „Олд Трафорд“ после пет кола го зазема осмото место на табелата, а викендов го пречекува Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oткриени детали: Лаутаро ги загубил нервите по финалето, беснеел и фрлал работи низ соблекувална!

Аргентина не успеа да ја одбрани титулата откако во финалето на Светското првенство загуби…