Дома Фудбал Англија Мурињо збесна, па ги испрати помошниците да го разбудат Погба!

Мурињо збесна, па ги испрати помошниците да го разбудат Погба!

Пол Погба се врати во екипата на Манчестер Јунајтед за дуелите во Премиер лигата откако ја издржа казната поради црвениот картон.

Францускиот играч за врска црвениот картон го заработи во победата против Арсенал од 3:1, поради што беше приморан да пропушти два меча. Очигледно Погба сфати дека поради тоа не мора да доаѓа ниту на тренинг.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, само еден ден по дуелот во Лондон, екипата на Јунајтед тренираше во својот тренинг центар, а од Погба немаше ниту трага ниту глас. Од клубот се обидоа да го добијат на телефон, но Французинот не се јавуваше.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Мурињо на крајот бил принуден да ги испрати своите помошници во вилата на Погба да го разбудат и донесат на тренинг. Погба потоа порача дека е преморен, и едноставно не го слушнал утринскиот аларм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го сруши рекордот на Серхио Агуеро: Заигра професионален фудбал на 14 години!

Фудбалерот на Депортиво Риестре Матео Аполонио стана најмладиот професионален фудбалер во …