Дома Фудбал Италија Мурињо: Емотивно сум поврзан со Њукасл

Мурињо: Емотивно сум поврзан со Њукасл

Славниот Португалец Жозе Мурињо е еден од бројните тренери кои се споменуваат како кандидати да го преземеат кормилото на овој тим откако на чело застана еден од најбогатите луѓе во светот, принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман.

Неодамна англискиот репрезентативец Денил Милс истакна дека за Њукасл нема подобра опиција за Мурињо ако сакаат успех што побрзо. Поради таквата ситуација Мурињо доби прашање од новинарите на оваа тема.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Единствено што можам да кажам е дека многу години работев со една од најважните личности во историјата на Њукалс, Сер Боби Робсон, поради тоа секогаш сум имал емотивна врска со тој град и навивачите. Но, ништо повеќе од тоа“, одговори Мурињо.

Тешко е да се очекува дека Мурињо сега ќе седне на клупата на Њукасл затоа што во изминатото лето потпиша тригодишен договор со Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави нов фаворит за клупата на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка. Се п…