Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Мурињо до Англичаните: Не сум сигурен дали сакате да го слушнете она што ќе ви го кажам

Мурињо до Англичаните: Не сум сигурен дали сакате да го слушнете она што ќе ви го кажам

Пеналот кој холандскиот судија го досудија за Англија во продолжението против Данска ги однесе домаќините на Вембли до победа со 2:1 и финале на ЕП. Во финалето Англија ќе игра против Италија во недела од 21 часот, исто така на Вембли.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во 103. минута Рахим Стерлинг од десната страна влезе во шеснаесетникот на Данска. Еден противнички играч тргна на топката кој ја водеше англискиот напаѓач, но тој помина покрај него и падна. Судијата досуди пенал, а Хари Кејн постигна погодок.

Жозе Мурињо тврди дека пенал не постоеше.

„Не сум сигурен дека сакате да го слушнете она што ќе ви го кажам.“ – започна Мурињо и додаде:

„Ќе го кажам она кое го видов. Тоа не беше пенал. Подобриот тим победи. Англија е фантастична и заслужено е во финалето, но тоа никогаш нема да биде пенал. Не ја разбирам одлуката на судиите, посебно на ова ниво и во полуфинале на ЕП. Како љубител на фудбалот среќен сум што Англија е во финалето, но и тажен со начинот на кој е изборено. Не знам како судијата ќе заспие после ова.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Барди со гол го однесе Коњаспор во финалето на Купот на Турција (ВИДЕО)

Коњаспор се пласира во финалето на Купот на Турција, откако го победи Бешикташ со 1-0, а г…