Португалскиот стратег Жозе Мурињо со победата против Сасуоло го прослави големиот јубилеј, 1000 натпревари кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
До победата Рома стигна со голот на Ел Шарави во последните моменти од натпреварот, а тоа донесе неверојатна радост кај Мурињо кој почна да трча околу теренот.
После натпреварот призна дека ги лажел играчите и им зборувал дека не му е важно што ова ќе биде негов 1000 натпревар.
„Сите ги лажев! Со денови претходно им зборував дека овој 1.000 натпревар не ми е важен, но многу се плашев од пораз. Добро е што победивме, а јас трчав како дете затоа што се чувствуав како да имам 12 години, не 58“, изјави Мурињо.