Дома Фудбал Англија Мурињо веќе има листа на желби за летниот преоден рок

Мурињо веќе има листа на желби за летниот преоден рок

Иако зимскиот преоден рок е веќе завршен европските клубови веќе прават свои листи за потенцијални засилувања за наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед во јануари успеа да го донесе Алексис Санчез од Арсенал, додека во спротивен правец замина Хенрих Мхитарјан. Црвените ѓаволи не беа многу активни на пазарот, но веќе е јасно дека Мурињо има потполно друг план за летоска.

Според пишувањата на ангчлиските медиуми португалскиот стручњак за наредната сезона пред се сака да ја засили дефанзивната линија. На листа на желби се наоѓаат неколку фудбалери, а прв пик е фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити.

Како што пренесува The Sun, Јунајте ќе се обиде да ги договори личните услови со играчот и доколку успее ќе ја активира неговата откупна клазула која изнесува 54. милиони фунти. Од друга страна, Барселона ќе му понуди нов договор на Умтити кој оваа сезона прикажува одлични игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголемиот летен-трансфер е подготвен: Барса плаќа 150 милиони, но има два услова за трансферот

Атлетико Мадрид конечно попушти. Од екипата се подготвени да го пуштат Хулијан Алварез во …