Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мундијалот 2030 ќе се игра на три континенти, во шест држави

Мундијалот 2030 ќе се игра на три континенти, во шест држави

Светското фудбалско првенство во 2030 година ќе се одржи во шест различни земји и ќе се игра на три континенти, потврди денеска ФИФА. Шпанија, Португалија и Мароко се официјални домаќини и организатори на Мундијалот, но ќе се играат натпревари и во три земји во Јужна Америка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уругвај ќе биде домаќин на првиот натпревар на Светското првенство во 2030 година на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео со што ќе се одбележи точно 100 години од првиот фудбалски Мундијал одржан во оваа држава.

Следните два натпревари ќе се играат во Аргентина и Парагвај. Потоа овие три репрезентации заедно со нивните противници ќе се преселат во Шпанија, Португалија или Мароко, каде што ќе продолжи да се одржува Мундијалот.

Сите овие шест репрезентации автоматски ќе се квалификуваат на турнирот, односно нема да играат квалификации.

Иако првите мечеви на турнирот ќе се играат во Јужна Америка, официјалната церемонија за отворање на Мундијалот ќе се одржи во официјалните земји домаќини, Португалија, Шпанија и Мароко.

Следниот Мундијал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …